Споделени фотографии од најновата верзија на турскиот беспилотен борбен авион „Кизилелма“
Селчук Бајрактар, технолошкиот директор на компанијата „Бајкар“, соопшти дека е прикачено крилото на беспилотниот борбен авион „Кизилелма“

ИСТАНБУЛ (АА) - Селчук Бајрактар, технолошкиот директор на компанијата „Бајкар“, на својот профил на социјалните мрежи соопшти дека е прикачено крилото на беспилотниот борбен авион „Кизилелма“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајрактар во објавата на својот профил на Твитер, додавајќи ги фотографиите од последната верзија на „Кизилелма“ напиша:
„Во неделата се собравме сите. АКИНЏИ (вооружено беспилотно летало) не се вклопи во рамката, затоа пристигна неговата макета. ЏЕЗЕРИ (првиот летечки автомобил) се наоѓа во Дијарбакир, таму каде што живее неговиот кум. Но, кога го додадовме крилото на КИЗИЛЕЛМА и тој ни се придружи, решивме веднаш да го фотографираме.“
„Бајрактар Кизилелма“, кој ќе има можност за слетување и полетување на бродови со кратки полетно-слетни писти, како бродот „ТЦГ Анадолу“, што Турција го изгради и во моментот спроведува тестови, ќе игра важна улога во прекуморските мисии.
„Бајрактар Кизилелма“, кој е способен да води борба во воздух како борбените авиони со екипаж со агресивни маневри, со овие способности ќе ја промени рамнотежата на военото поле.