наука и технологија

Првите турски електрични возови ќе бидат тестирани во мај, а во употреба од септември

„Наша цел е да креираме и произведуваме домашни турски брендови и да бидеме конкурентен играч на светскиот пазар“

Tuba Şahin  | 21.02.2020 - Обновена : 25.02.2020
Првите турски електрични возови ќе бидат тестирани во мај, а во употреба од септември Фото: Турско Министерство за индустрија и технологија

САКАРЈА (АА) - Првиот домашен електричен воз во Турција ќе биде тестиран и пуштен во производство на 29 мај оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за индустрија и технологија на Турција, Мустафа Варанк, денеска го посети погонот на компанијата „Вагон“ (TUVASAS) во северозападната област Сакарја.

Тој во обраќањето за новинарите изјави дека првите турски електрични возови ќе бидат тестирани на 29 мај, а дека во употреба ќе бидат од септември.

Ресорниот турски министер Варанк изјави дека станува збор за електричен воз кој ќе достигнува брзина до 160 километри на час.

Наредниот проект на турската компанија е производство на домашниот електричен брз воз кој ќе се движи со брзина над 200 километри на час.

„Наша цел е да креираме и произведуваме домашни турски брендови и да бидеме конкурентен играч на светскиот пазар“, изјави Варанк.

Турската индустрија прави големи исчекори во развојот на автохтони домашни брендови, а особено во областа на воената индустрија. Неодамна Турција го претстави и прототипот на домашниот електричен автомобил.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.