Турција, наука и технологија

Посетителите на ТЕХНОФЕСТ имаат можност да го искусат турскиот систем за воздушна одбрана „Челична купола“

- Покрај изложените компоненти на Челичната купола, фестивалот нуди и специјална интерактивна зона посветена на овој системот за воздушна одбрана.

Tolga Yanık  | 18.09.2025 - Обновена : 18.09.2025
Посетителите на ТЕХНОФЕСТ имаат можност да го искусат турскиот систем за воздушна одбрана „Челична купола“

ИСТАНБУЛ (АА) – Во рамките на фестивалот ТЕХНОФЕСТ во Истанбул, турската одбранбена компанија АСЕЛСАН им понуди можност на посетителите да го искусат системот за воздушна одбрана „Челична купола“ преку специјална зона со напредни технологии за визуелизација, јавува Анадолу.

Петдневниот фестивал за технологија и авијација ТЕХНОФЕСТ официјално беше отворен вчера во турската метропола Истанбул, под организација на Фондацијата на Турскиот технолошки тим (T3) и Министерството за индустрија и технологија. Анадолу е глобален комуникациски партнер на настанот.

Во рамките на фестивалот се одржуваат бројни активности – од технолошки натпревари до воздухопловни претстави – а посетителите имаат можност да ги видат одбранбените системи „Коркут“, „Ејдера“, „Туран“ и „Хисар“, елементи од системот за воздушна одбрана „Челична купола“ развиен од АСЕЛСАН.

Покрај изложените компоненти, фестивалот нуди и специјална интерактивна зона посветена на системот.

Преку користење на напредни технологии за визуелизација и анимациски филмови, посетителите можат да разберат како функционира системот „Челична купола“ и на кој начин неговите елементи обезбедуваат заштита од закани.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın