наука и технологија

Плутон, најверојатно дом на голем океан

„Набљудувањето на Плутон и Шарон одблизу, нè наведе комплетно да го преоцениме размислувањето за тоа кој вид на геолошка активност може да опстојува на вака изолирани планетарни тела во тој далечен простор на Соларниот систем”

Barry Eitel  | 18.03.2016 - Обновена : 20.03.2016
Плутон, најверојатно дом на голем океан

San Francisco

САН ФРАНЦИСКО (АА) - Плутон веројатно крие океан со течна вода под својата замрзната површина, се вели во новиот извештај објавен вчера од НАСА, во кој се нагласува дека планетата-џуџе е изненадувачки комплексна, пренесува Anadolu Agency (AA).

Пет студии се базирани врз податоците обезбедени од вселенското летало на НАСА "New Horizons", кое поминало покрај Плутон минатиот јули, по патување од девет години и 4,8 милијарди километри.

Новите информации кажуваат дека Плутон со својот природен сателит Шарон биле геолошки активни во текот на своето постоење.

Откако Плутон беше откриен на работ на Соларниот систем во 1930 година, астрономите веруваа дека ледениот свет е карпест, замрзнат и инертен.

Тој се наоѓа во Кајперовиот Појас, простор полн со билиони комети и астероиди после орбитата на Нептун, најоддалечената официјална планета.

Но изгледа дека површината на Плутон е релативно млада и постои веројатност да крие огромно водено тело. Одредени делови од планетата џуџе се загреани поради радиоактивните компоненти во карпите.

Пространи региони од неговата замрзната површина се изградени од интригантно различни супстанции, вклучувајќи го и азотот, метанот и водата. Всушност, НАСА тврди дека различните варијации во составот на површината на Плутон се непознати за Соларниот систем.

„Набљудувањето на Плутон и Шарон одблизу, нè наведе комплетно да го преоцениме размислувањето за тоа кој вид на геолошка активност може да опстојува на вака изолирани планетарни тела во тој далечен простор на Соларниот систем, светови за кои порано се мислеше дека се остатоци од создавањето на Кајперовиот Појас кои се малку изменети”, рече Џеф Мур, главниот автор на еден од извештаите.

Доколку во внатрешноста на Плутон има течна вода, значи дека поседува големо количество амонијак, хемикалија која го уништува поголемиот дел од животот на Земјата.

Пронаоѓањето на вода од било кој период, било каде во Универзумот, предизвикува огромна возбуда кај астрономите кои трагаат по живот надвор од планетата Земја.

Студиите се објавени во списанието "Science".

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın