Нов Зеланд: Откриени фосили од најголемиот папагал во светот
„Веќе 20 години вршиме ископувања тука. Иако Херкулес е една од најпрекрасните птици што ги откривме, без сомнение постојат уште многу видови кои чекаат да бидат откриени“

МЕЛБУРН (АА) - Во ископувањата во подрачјето на Централно Ортаго во Нов Зеланд се откриени фосили на папагал, кој е два пати поголем од какапо, вид папагал кој е познат како најголем и најтежок во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Radio New Zealand“, во ископувањата во местото Сент Батанс во подрачјето на Централно Ортаго, кое се наоѓа во Јужниот Остров на оваа земја, се откриени остатоци на најголемиот папагал во светот.
Се претпоставува дека овој гигантски папагал, кој е именуван како „Херкулес“, е висок околу еден метар и тежи околу 7 килограми.
Се вели дека овој папагал е два пати поголем од какапо, кој е најголемиот папагал во светот.
Тревор Ворти од Универзитетот „Флиндерс“ истакна дека фосилите, кои се стари околу 19 милиони години, се значајно откритие.
„Веќе 20 години вршиме ископувања тука. Секоја година откриваме нови птици и други животни. Иако Херкулес е една од најпрекрасните птици што ги откривме, без сомнение постојат уште многу видови кои чекаат да бидат откриени“, рече Ворти.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.