наука и технологија

Научниците од Уганда развија вакцина против крлежи

Болестите предизвикани од крлежи забележани особено кај говедата, африканските биволи и антилопите, имаат удел од 30 до 70 отсто во угинувањето на животните во Уганда, што негативно влијае врз економијата на земјата

Gökhan Kavak  | 16.04.2021 - Обновена : 20.04.2021
Научниците од Уганда развија вакцина против крлежи

ИСТАНБУЛ (АА) - Група научници од африканската земја Уганда развија вакцина против крлежи кај животните, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на весникот „Уганда дејли монитор“ (Uganda Daily Monitor), група од 10 научници од Универзитетот „Макерере“ дошле до значајна фаза во работите за вакцините против кафеавите ушни крлежи.

Д-р Маргарет Саимо-Кахва, лидер на тимот од лекари кои ја развија вакцината, истакна дека работите за вакцината ги реализираат од 2005 година, и дека тие се поддржани од Иницијативата за наука и технологија при претседателскиот кабинет на оваа земја.

Според Саимо-Кахва, тестирањата на вакцината биле 86 отсто ефективни против кафеавите ушни крлежи.

Саимо-Кахва рече дека болестите предизвикани од крлежи забележани особено кај говедата, африканските биволи и антилопите, имаат удел од 30 до 70 отсто во угинувањето на животните во Уганда, и дека тоа негативно влијае и врз економијата на земјата.

Покрај во Уганда, тие се забележани и во земјите од Источна и Јужна Африка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın