наука и технологија

НАСА: Откриени 5.000 планети надвор од Сончевиот Систем

- Американската Национална аеронаутичко-вселенска управа (НАСА) соопшти дека бројот на „егзопланети“ (планети надвор од Сончевиот Систем) надмина 5.065 планети додадени неодамна во Архивата на егзопланети

Emel Öz  | 22.03.2022 - Обновена : 23.03.2022
НАСА: Откриени 5.000 планети надвор од Сончевиот Систем

АНКАРА (АА) - Американската Национална аеронаутичко-вселенска управа (НАСА) соопшти дека бројот на „егзопланети“ (планети надвор од Сончевиот Систем) надмина 5.065 планети додадени неодамна во Архивата на егзопланети, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Џеси Кристијансен, истражувачка во Научниот институт за егзопланети на НАСА, во изјавата за новите планети истакна: „Тоа не е само бројка. Секоја од нив е нов свет, сосема нова планета. Возбудена сум за секоја бидејќи не знаеме ништо за нив.“

Од потврдените егзопланети 30 отсто се гасни џинови. Планетите составени од гас, и се во класа како што се Јупитер или Сатурн.

Планетите што орбитираат околу други ѕвезди надвор од Сончевиот Систем се нарекуваат егзопланети.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın