наука и технологија

Можно е на Плутон да постои потповршински океан

Според истражувачите на вселената, слојот од изолациски гас кој постои на џуџестата планета Плутон, наведува на верување дека е можно под слојот мраз на планетата да постои океан

Emre Aytekin  | 21.05.2019 - Обновена : 22.05.2019
Можно е на Плутон да постои потповршински океан

АНКАРА (АА) - Според истражувачите на вселената, слојот од изолациски гас кој постои на џуџестата планета Плутон, наведува на верување дека е можно под слојот мраз на планетата да постои океан, јавува Anadolu Agency (AA).

Научниците од јапонските универзитети „Хокаидо“, „Осака“ и „Кобе“, од Токискиот технолошки институт и американскиот Универзитет „Калифорнија“ изработија компјутерска симулација според која дојдоа до заклучок дека и покрај ниската температура која владее на џуџестата планета Путон, постои веројатност, во случај на формирање изолациски слој од хидрантен гас под слојот мраз на површината од планетата, да бил формиран потповршински океан.

Вселенското летало „New Horizons“ на НАСА, во јули 2015 година изработи фотографии во крупен план при своето минување покрај Плутон. Астрономите на екваторот од џуџестата планета забележале бела форма, налик на сад со големина колку сојузната американска држава Тексас, која научниците ја именувале „Sputnik Planitia“, истакнувајќи дека локацијата и топографијата на споменатата форма би можеле да се сметаат за површински океан.

Поради многу ниската температура која владее на Плутон, научниците истакнуваат дека еден ваков океан многу одамна би замрзнал и би го израмнил целиот басен што го зафаќа, но во случај на формирање термички изолациски слој од хидрантен гас под слојот мраз на површината од планетата, можно е овој слој да овозможил заштита на постоењето на океанот и неговата топографија.

Научниците сметаат дека сличен процес би можел да овозможи формирање на потповршински океани и на другите планети и сателити кои се оддалечени од Сонцето и не добиваат доволно топлина.

Резултатите од истражувањето се објавени на интернет-страницата на Универзитетот „Хокаидо“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.