Математички рекорд: Откриен најголемиот прост број со над 22 милиони цифри
Овој број има дури пет милиони цифри повеќе од претходниот рекордер, кој беше откриен пред три години

Сан Франциско
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Математичар од Универзитетот „Мисури” Куртис Купер откри нов прост број кој има над 22 милиони цифри, јавува Anadolu Agency (АА).
Прости броеви се 2, 3, 5, 7, 11, и сите други во серијата што се деливи само со единицата и сами со себе.
Професорот Куртис Купер повеќе од еден месец потроши во потрага по најголемиот познат прост број и успеа да го постигне тоа кога бројот 2 со истиот тој број го помножи со 74.207.281, а од добиениот резултатот одзеде 1.
Новиот најголем прост број има неверојатни 22.338.618 бројки и невозможно е да се напише во својата оригинална форма. Математички се пишувата: "2 на 74.207.281 минус 1".
Најголемиот досега прост број беше со 17 милиони бројки, а е откриен во 2013 година.
Проектот наречен „Голема интернет потрага за прости броеви”(GIMPS) за ова откритие го награди Купер со 100.000 долари.
Новата задача што ја постави GIMPS пред математичарите е да откријат прост број со 100 милиони цифри. Загарантирана е награда од 150.000 долари.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.