Интернетот на прво место од зависностите од технологијата
„Интернетот ни покажа дека не е толку невин како што изгледа, со тоа што го зазема првото место на зависности од технологијата“, вели Дениз Унај, експерт за социјални медиуми од Истанбул

АНКАРА (АА) - Како што светот, ден за ден, еволуира во сѐ поголемо дигитализирано место, луѓето се запознаваат со она што се нарекува зависност од технологијата, која главно е предизвикана од социјалните медиуми, пишува Anadolu Agency (AA).
Дениз Унај, експерт за социјални медиуми од Истанбул, ја опишува зависноста од технологијата како „интензивен интерес за персоналните компјутери и мобилните уреди“ и како „навика да се побегне од општеството“.
Укажувајќи загриженост за глобално растечката катастрофа, Унај предупреди дека зависноста од технологијата предизвикува траума во општеството.
„Во Турција има над 40 милиони интернет-корисници“, вели тој, а 90 % од нив се мобилни корисници.
„Како што мобилните уреди стануваат „попаметни“, активното користење на социјалните медиуми е зголемено“, тврди тој.
„Интернетот, кој допре до секоја точка од нашето живеење преку развиените технолошки алатки, стана отворен затвор кој ги ограничува луѓето со брзото ширење на платформите на социјалните медиуми што се користат за стигнување до информации“, рече Унај.
Тој предупредува: „Интернетот ни покажа дека не е толку невин како што изгледа, со тоа што го зазема првото место на зависности од технологијата“.
Експертот за влијанието на социјалните медиуми и мобилниот живот, Унај, вели дека љубопитноста е главниот мотив кој стои зад користењето на социјалните медиуми и веб-сајтовите за онлајн игри.
„Голем дел од нашето време го поминуваме на нашите мобилни телефони, таблети или персонални компјутери, и се занимаваме со [љубопитноста за тоа] на кој му се допаѓаат нашите постови, кој што споделил и какви видеа поставил“, додава тој.
„На крај, тоа станува таква секојдневна рутина што луѓето ги проверуваат своите профили на социјалните медиуми дури и кога работат или јадат“, вели Унај.
- Негативните влијанија од интензивното користење на технологијата -
Тешко е луѓето од одредена возраст да станат зависници од нешто, но тоа не е случај со зависноста од технологијата.
„Интернетот, онлајн игрите и платформите на социјалните медиуми работат добро во креирањето на луѓе зависници од технологија, без оглед на нивната возраст“, вели Унај
„Интензивната употреба на технолошките уреди води истовремено кон одредени физички и социјални проблеми“, предупредува тој.
Гледањето во екранот долго време предизвикува болка и вкочанетост во мускулите на вратот, нарушување на држењето на телото и пецкање во очите, додека неговото одразување врз социјалниот живот се огледува врз намалување на социјалните активности, депресија, намалување на вниманието, неуспех во менаџирање со времето и намалување на постигнувањата на училиште или факултет.
„Интернет или зависноста од технологијата се дефинира како ситуација во која зависник чувствува лишеност кога тој/таа не е во можност да добие технолошки материјал од кој тој е зависен како другите зависности“, според турската Зелена полумесечина, непрофитна организација којашто ја има вклучено зависноста од интернетот во својата листа на зависности, и се бори против неа.
- Со враќањето кон старите навики во борба против технолошката зависност -
„Ширењето на користењето на социјалните медиуми, особено меѓу децата кои како такви не ги распознаваат заканите од нив, го отвори патот за подмолно делување на злонамерните“, вели Унај.
„Групата што ја следат нашите деца или млади луѓе, кои се нарекуваат феномени, посебно е ангажирана во исполнувањето на мисијата за поттикнување за употреба на дрогата на овие платформи“.
Тој вели дека и покрај борбата на безбедносните сили против нив, тоа не е доволно.
Нагласувајќи ја важноста на ефективен контролен механизам за опасностите на социјалните медиуми, Унај, исто така, рече дека луѓето од сите возрасти треба да се едуцираат во врска со тоа прашање.
„Најдоброто решение против зависноста од технологијата ќе се развие само преку чекори за зголемување на свеста. Лицата со зголемена свест нема да го изгубат социјалниот и културниот карактер на нивните животи, преку тоа да не ја користат технологијата без потреба, и ќе бидат заштитени од социјалната и физичката штета што ја предизвикува зависноста“, тврди Унај.
Тој нагласува дека зависноста од технологијата е многу тешко да се спречи, бидејќи тоа е проблем што потекнува од човекот, но дека може да се намали.
„Најдобар начин за намалување на зависноста е да се вратиме кон нашите стари навики. Ги тргнавме децата и младите од парковите, градините и улиците, им дадовме опасен уред и ги приближивме до сето зло на светот“, порача Унај.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.