Индонезија: Откриен нов вид орангутани
Група научници, кои за првпат го посетија ова подрачје во 1997 година, утврдија дека таму живеат орангутани поразлични од останатите. Меѓутоа, во врска со ова откритие долго време не беа собрани некои детални податоци.

Ankara
АНКАРА (АА) - Научниците кои проучуваат мал број орангутани на подрачјето на северна Суматра во Индонезија открија нов вид од големиот мајмун, јавува Anadolu Agency (AA).
Научниците од Универзитетот на Цирих и од ливерпулскиот Универзитет „Џон Мурс“, како и од Програмата за заштита на орангутаните во Суматра, објавија дека откриле нов вид голем мајмун наречен „тапанули“.
Група научници, кои за првпат го посетија ова подрачје во 1997 година, утврдија дека таму живеат орангутани поразлични од останатите. Меѓутоа, во врска со ова откритие долго време не беа собрани некои детални податоци, сѐ до 2013 година, кога истражувачите на теренот пронајдоа костур на животно во Суматра. Тие утврдија дека има разлика во надворешниот изглед.
Се претпоставува дека на подрчајето од 1.000 квадратни километри има помалку од 800 тапанули орангутани, што ги прави малцинство меѓу големите мајмуни. Резултатите од истражувањето се објавени во научното списание „Current Biology“.
Орангутанот е жител на тропските дождовни шуми и денес живее само на Борнео и во Суматра. Фосилните откритија покажуваат дека претходно живееле од јужна Кина преку Виетнам, до Малајскиот Полуостров и Јава. Околу стотина орангутани се видени на планината Кинабалу, со многу други ретки и ендемични видови.
Големото животно е високо меѓу 1,2 и 1,5 метри, а распонот на неговите раце е до 2,2 метри. Мажјаците со својата тежина од 50 до 90 килограми се значително потешки од женките, кои достигнуваат тежина од само 30 до 50 килограми.