наука и технологија

Засладените пијалаци го зголемуваат ризикот од карцином

Според истражувањето на француските научници, кај лицата кои дневно пијат повеќе од 100 милилитри засладени пијалаци, за 18% е поголем ризикот за добивање рак

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 11.07.2019 - Обновена : 14.07.2019
Засладените пијалаци го зголемуваат ризикот од карцином

АНКАРА (АА) - Објавени се податоци во кои се вели дека засладените пијалаци, како што се овошните сокови и газираните пијалаци, го зголемуваат ризикот за добивање карцином, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), француските научници од Универзитетот „Сорбона“ спровеле истражување, според кое лицата кои дневно пијат повеќе од 100 милилитри засладени пијалаци (односно две лименки од 330 милилитри неделно), се соочуваат со зголемен ризик од 18% за добивање карцином.

Во рамките на истражувањето, во групата пијалаци кои го зголемуваат ризикот за добивање карцином се вметнати и овошните сокови, газираните пијалаци, овошното млеко, енергетските пијалаци, чајот или кафето кои се засладени со над 5% шеќер.

Во истражувањето во кое експертите во текот на пет години следеа повеќе од 100.000 лица, забележано е дека кај луѓето што консумирале повеќе од 100 милилитри засладени пијалаци, ризикот за добивање карцином е зголемен за 18%. Во периодот од пет години, тоа е соодветно на 26 случаи на карцином на 1.000 лица.

Во текот на истражувањето забележани се 2.193 случаи на карцином, од кои 696 случаи на карцином на гради, 291 случај на карцином на простата, 166 случаи на колоректален карцином.

Од друга страна, во истражувањето не е забележана слична поврзаност на случаите на карцином со диеталните пијалаци кои користат засладувачи.

Научниците, зголемувањето на ризикот за стекнување карцином поради засладените пијалаци го поврзуваат со зголемувањето на нивото на шеќерот во крвта и истакнуваат дека е потребно спроведување на поголем број вакви истражувања.

Д-р Амелија Лејк од Универзитетот „Тисајд“ констатираше „Иако со овој проект не е поставена дефинитивната поврзаност меѓу шеќерот и карциномот, приложената детална слика дава придонес во напорите за истакнување на значењето на намалувањето на количеството шеќер што денес се консумира.“

Детали од истражувањето се објавени во списанието „Бритиш медикал џурнал“ (British Medical Journal).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın