Диносаурусите од видот „ти-рекс“ се движеле многу побавно отколку што претходно се мислеше
Во својата студија, палеонтолозите, земајќи ја предвид и големата опашка на диносаурусот, заклучиле дека нормалната брзина на движење на „ти-рекс“ би можела да изнесува 4,6 километри на час

АНКАРА - Научниците утврдија дека диносаурусите од видот „ти-рекс“ (Tyrannosaurus rex) се движеле побавно отколку што претходно се мислеше, со брзина близу до онаа на луѓето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Си-ен-ен“ (CNN), во истражувањето објавено во списанието „Royal Society Open Science“, холандските палеонтолози, врз основа на 12-метарски возрасен фосил на диносаурусот „т-рекс“, пронајден во Центарот за биолошката разновидност „Натурилис“, музеј за природна историја во градот Лајден, изработиле тродимензионален модел на овој вид диносауруси и го пресметале неговиот ритам на чекори.
Во својата студија, палеонтолозите, земајќи ја предвид и големата опашка на диносаурусот, заклучиле дека нормалната брзина на движење на „ти-рекс“ би можела да изнесува 4,6 километри на час.
Научниците, забележувајќи дека всушност „ти-рекс“ се движел со брзина блиска до просекот на луѓето, истакнуваат дека во нивните претходни студии брзината на движење на „ти-рекс“ била одредена врз основа на неговите нозе, но притоа била занемарена неговата тешка опашка.