Гавранот е најинтелигентен меѓу птиците
На тестови што се спроведени врз птиците, гавранот откри како работи апаратот за храна

Ankara
АНКАРА (АА) - Правејќи тестови со апарати за храна, научниците открија дека гавраните се најинтелигентни меѓу птиците, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), во Нова Каледонија, која е дел од француските заедници на прекуморски територии, спроведено е истражување врз диви птици. За време на истражувањето, забележано е дека некои од гавраните откриле како работи автоматот за храна.
Истражувачите забележале дека по извесно време, гавраните успевале да земат храна од автоматите, откако парчето хартија кое било оставено пред нивните нозе го ставале во делот за вметнување пари.
Сара Џелберт од Универзитетот „Кембриџ“, изјави „За гавраните подготвивме автомат за храна во облик на кутија. Над и околу кутијата поставивме парчиња месо скриено со камења и хартија. Подоцна ги научивме гавраните камењата и хартијата да ги фрлаат во дупката што се наоѓаше во горниот дел од кутијата. На тој начин можеа да земаат храна од автоматот. Откако гавраните открија како работи системот, тестот го направивме малку потежок и пред нив поставивме големи парчиња хартија кои не можат да се вметнат во дупката.“
Џелберт рече дека гавраните со своите клунови почнале да ја кинат хартијата на парчиња со големина која можела да се вметне во дупката од кутијата, и повторно успевале да земаат храна од автоматот.
Се истакнува дека половината од гавраните кои биле вклучени во тестирањето, успеале да го решат сложениот механизам.
Истражувачите истакнуваат дека апаратот за храна е најнов и најнапреден тест што е изведен врз гаврани, додавајќи дека резултатите покажуваат дека гавранот е најинтелигентниот примерок меѓу птиците.
Истражувањето е објавено во списанието „Nature Scientific Reports“.