наука и технологија

Во снегот на Антарктикот пронајдена „ѕвездена прашина“

Научниците ја откриле древната прашина откако од Антарктикот испратиле 500 килограми снег во истражувачка установа во Минхен

Emre Aytekin   | 22.08.2019
Во снегот на Антарктикот пронајдена „ѕвездена прашина“

АНКАРА (АА) - Во снегот на Антарктикот, единствениот ненаселен континент на Земјата, научниците пронајдоа прашина настаната по супернова, односно експлозија на ѕвезда, пренесува Anadolu Agency (AA).

На интернет-страницата „Science Daily“, наведено е дека научниците од Универзитетот во Минхен, во текот на истражувањето снежна маса, пронашле изотоп на 60Fe (железо).

Суперновата настанува кога ѕвездата на крајот од својот живот експлодира, а потоа се создава огромен облак на гас и прашина збогатена со радиоизотопи. Дел од таа прашина од една или повеќе ѕвезди кои експлодирале во последните 20 милиони години падналa на Земјата во текот на последните две децении.

Научниците ја откриле древната прашина откако од Антарктикот испратиле 500 килограми снег во истражувачка установа во Минхен, каде што е откриено дека снегот е позитивен на 60Fe (железо), кое има вишок на неутрони, што го прави нестабилно, и се појавува на Земјата само како последица на космички експлозии или од нуклеарно оружје.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın