свет, наука и технологија

Во Кина започнаа првите Светски игри на хуманоидни роботи

- Роботите се натпреваруваат во спортови како што се атлетика, гимнастика, фудбал и бокс, а целта е да се претстави напредокот во технологијата на хуманоидни роботи преку практична примена

Elena Trenchevska Chekovikj  | 15.08.2025 - Обновена : 17.08.2025
Во Кина започнаа првите Светски игри на хуманоидни роботи

СКОПЈЕ (АА) – Денес во Пекинг, Кина, започнаа Светските игри на хуманоидни роботи (WHRG), најавени како прво натпреварување од ваков вид во светот, јавува Анадолу.

Настанот привлече учесници и гледачи од компаниите за роботика, универзитети, хоби-клубови и ентузијасти за технологија.

Роботите се натпреваруваат во спортови како што се атлетика, гимнастика, фудбал и бокс, а целта е да се претстави напредокот во технологијата на хуманоидни роботи преку практична примена.

На отворањето на игрите, што ќе траат до 17 август, се одржаа трки на 400 метри и 1.500 метри, фудбалски натпревари 3 на 3 и 5 на 5, како и боксерски натпревари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.