наука и технологија

Во Велика Британија откриен фосил на риба со застрашувачки изглед

Се смета дека во областа каде што е пронајден фосилот, пред 183 милиони години имало топол тропски океан

Mehmet Alaca   | 29.07.2022
Во Велика Британија откриен фосил на риба со застрашувачки изглед Фото: АА/Илустрација

АНКАРА (АА) - На ископувањето во Глучестершир, Велика Британија, пронајден е фосил од риба со многу „страшен изглед“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Би-би-си“ (BBC), фосилот со своите големи заби и очи наликува на добро сочуваниот фосил Pachycormus, пронајден на местото на ископувањето на Џурасик.

Видот е пронајден во близина на ранч за говеда од страна на ловците на фосили, Невил и Сали Холингворт.

Се проценува дека во областа каде што е пронајден фосилот, пред 183 милиони години имало топол тропски океан.

Двојката Холонгворт е позната по својата репутација за идентификација на исклучително плодните фосилни полиња.

Невил и Сали Холингворт неодамна открија и остатоци од мамут во близина на водениот парк „Котсволд“.

Меѓу другото, двојката има откриено и илјадници фосилизирани ехинодерми, како што се морски ѕвезди, морски ежови и морски змии, во каменолом на северот на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın