Турција

Ердоган: Растот од 5 отсто во Турција на некои им ги расипа сите планови

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган истакна дека Турција остварила значителен економски раст откако, како што рече, е отстранета „тајната опсада наметната на турската економија"

Fatih Hafız Mehmet  | 16.06.2017 - Обновена : 16.06.2017
Ердоган: Растот од 5 отсто во Турција на некои им ги расипа сите планови

Ankara

АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во обраќањето по ифтарот за Државниот протокол на Турција ја критикуваше одлуката на американските власти за налогот за апсење на 12 негови телохранители кои се поврзуваат со тепачката пред амбасадата на Турција во Вашингтон во мај, за време на посетата на турскиот претседател на САД, јавува Anadolu Agency (AA).

„Издадоа налог за апсење на 12 мои телохранители. Каков е тоа закон? Ако моите телохранители не можат да ме штитат, зошто тогаш воопшто ги носам со себе во САД?", рече турскиот претседател.

Опиша накратко што се случило тој ден пред амбасадата.

„Припадниците и симпатизерите на ПКК и на ФЕТО се здружија и одржуваа протести против мене, оддалечени само 40-50 метри од нас. Американската полиција не направи ништо.Можете ли да замислите каков би бил нивниот став нешто слично да се случеше во Турција? Не направија ништо, а вчера таму приведоа двајца наши граѓани, државјани, кои тогаш им се спротиставија. Дали е можно такво нешто?", рече Ердоган.

Истакна дека Турција остварила значителен економски раст, откако е, како што рече, остранета „тајната опсада наметната на турската економија".

„Имаме показатели за отстранување тајна опсада наметната на економијата на нашата земја. Последниот пример на тоа е растот кој го остваривме", порача Ердоган, додавајќи дека растот на Турција на некои, како што рече, „им ги расипал плановите".

„Растот од 5 отсто во првиот квартал на некои им ги расипа сите планови ... Турција и понатаму ќе продолжи со раст. Додека некои мислеа дека и се затворија вратите на Турција, нам многу врати ни се отворија", истакна Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın