култура и уметност

„(Ѓобеклитепе) Се наоѓа во врвот на нашите уникатни локалитети што треба да се брендираат“, рече турскиот министер Ерсој

- Министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој, изјави дека е успешна изложбата Ѓобеклитепе во римскиот Колосеум и дека Ѓобеклитепе е еден од производите што Туркије треба да ги брендира.

Barış Seçkin  | 18.04.2025 - Обновена : 20.04.2025
„(Ѓобеклитепе) Се наоѓа во врвот на нашите уникатни локалитети што треба да се брендираат“, рече турскиот министер Ерсој

РИМ

- Бариш СЕЧКИН

Министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој, изјави дека е успешна изложбата Ѓобеклитепе во римскиот Колосеум и дека Ѓобеклитепе е еден од локалитетите што Туркије треба да ги брендира.

Посетувајќи ја вчера изложбата „Ѓобеклитепе: Мистеријата на едно свето место“, која трае околу 6 месеци во Колосеумот, една од светски познатите знаменитости на Рим, главниот град на Италија, министерот Ерсој за Агенција Анадолу даде оценка за придобивките од изложбата и тековниот процес на враќање на историските уметнички дела во Туркије.

Изразувајќи задоволство од успехот на изложбата Ѓобеклитепе, која беше отворена на 24 октомври 2024 година во Колосеум, министерот Ерсој рече:

„Зборуваме за период од приближно 6 месеци. Досега има повеќе од 6 милиони посетители. Знаете, ние сме тука уште една недела. Веројатно изложбата ќе се затвориме со 6,4 милиони посетители.“

Илустрирајќи го придонесот на изложбата во Колосеум во Ѓобеклитепе со нумерички податоци, Ерсој рече:

„Мислиме дека беше многу успешна. Како што знаете, Ѓобеклитепе за посетителите е отворено во 2019 година. Пречекавме повеќе од 4 милиони посетители за 6 години. Сега за 6 месеци изложбата имаше над 6 милиони посетители. Затоа ова тука е всушност многу значајно“.

Осврнувајќи се на придонесот на изложбата конкретно во Италија, министерот Ерсој го рече следното:

„Прво, Италија е нашиот изворен туристички пазар. Таа е еден земјите која ни обезбедува посетители. Почнувајќи од 2022 година, бележиме значителни зголемувања благодарение на активностите за промоција и брендирање што ги спроведовме по пандемијата. Пречекавме 420.000 посетители во 2022 година. Оваа бројка ја зголемивме на околу 605.000 во 2023 година. Минатата година достигнавме бројка од 720.000. Оваа година по изложбата Ѓобеклитепе бележиме сериозен раст.

Изгледа оваа година веројатно ќе надминеме 900.000. Со други зборови, се чини дека добиваме голем фитбек на нашите инвестиции. Но ова е само делот од Италија“.

Посочувајќи на глобалниот придонес од изложбата Ѓобеклитепе во Колосеумот, Ерсој рече:

„Секако, има многу поголема предност тоа што Ѓобеклитепе е во Колосеумот. Зборуваме за место кое прима повеќе од 60.000 посетители дневно. Но, ако размислувате фокусирани на историскиот аспект, Колосеумот е една од најатрактивните точки во Европа што ја посетуваат туристи заинтересирани за историјата и културата. И тие доаѓаат тука плаќајќи одредена цена, односно го посетуваат ова место согласни да платат цена за влез. Од тој аспект, тоа е многу важна целна точка за нас. Ова е едно од најдобрите места за целно ориентирана работа за брендирање.“

На прашањето дали ваквата изложба на светски познатиот споменик е важна реклама, министерот Ерсој го даде следниот одговор:

„Се разбира, ова не го правиме само како рекламирање, туку и како брендирање. Значи имаме локалитети. Ефес е исто така еден локалитет. Кога ќе погледнете, и Хиераполис е наш локалитет, но и Ѓобеклитепе. И ова е местото со кое што се издвојуваме од светот. Доколку погледнете во Англија, Стоунхенџ изгледа дека е најстар, но тој е стар 2.500 години. Ние зборуваме за место старо 12.000 години. Кога ќе погледнете од тој аспект, всушност станува збор (Ѓобеклитепе) за еден од локалитетите што меѓу првите треба да се брендира“.


- „Постигнавме многу важен успех со она што го вративме, но има нешто многу поважно“

Запрашан за неговите гледишта во врска со последниот случај на уникатната бронзена статуа на римскиот император Маркус Аврелиј претставен како филозоф, која илегално била изнесена од Туркије од античкиот град Бубон во 60-тите години на 20 век, а која официјално ѝ е предадена на Туркије на церемонија одржана во Музејот на уметност во Кливленд, министерот Ерсој го рече следното:

„Се разбира, ова е едно од прашањата на кои сега се фокусираме со особено внимание.“

Изјавувајќи дека направиле низа системски промени за да постигнат успех во враќањето на историските артефакти, Ерсој истакна:

„Прво, Одделението за борба против шверцот го доведовме на ниво на секторско раководство. Зошто е ова толку важно? Затоа што тогаш и ќе го зголемиме бројот на стручни кадри кои ќе работат таму и ќе има шанса да вработиме кадри од повисок ранг. Вие и вашиот соговорник од другата страна сте од ист ранг.“

Министерот Ерсој како второ рече дека нивниот тим работел со сето свое срце и душа и дека успехот на овој план донел уште еден важен резултат.

„Знаете дека јас нив ги нарекувам нашите ‘Шерлок Холмс’. Постигнавме многу важен успех со она што го вративме, но има нешто многу поважно: Сега, ниту еден колекционер не сака да купи богатство од Анадолија, културно богатство што незаконски се изнесува во странство. Важно е да се прекине овој интерес. Со други зборови, сега значително ја намалувате вредноста на стоката во рацете на ловецот на богатство или нелегалниот копач“.

Истакнувајќи дека создале свест во светските кругови по ова прашање, Ерсој рече: „Сите колекционери и музеи сега знаат дека ако купат културно богатство што е земено од Анадолија без дозвола и го изложат, Министерството за култура и туризам на Република Туркије ќе го забележи, ќе го фати и ќе започне многу сеопфатна правна студија во врска со тоа и порано или подоцна ќе го врати назад. Со други зборови, ќе го врати во Анадолија. Ние всушност многу се трудевме да ја создадеме оваа слика и успеавме во тоа“.

Изјавувајќи дека имаат направено протоколи со некои земји за да се забрза овој процес, Ерсој го истакна следново:

„Во моментов работиме на 12 предмети, за брзо завршување на протоколите, особено со земјите приматели или земјите долж транзитната рута. Ова ни ја дава следната предност. Правните битки кои траат со децении се завршуваат за неколку месеци за многу мали суми. На овој начин ги обесхрабрувате ловците на богатство. Индиректно ги убедувате колекционерите да се откажат од ваквите активности.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.