култура и уметност

Скопје: Панел-дискусија со турскиот актер Ерџан Кесал

„Ние сме среќни што во Скопје го имаме Ерџан Кесал којшто е уметник од светска А класа, човек што напишал сценарија за филмови коишто победувале на филсмкиот фестивал во Кан...“

Furkan Abdula  | 20.05.2019 - Обновена : 21.05.2019
Скопје: Панел-дискусија со турскиот актер Ерџан Кесал

СКОПЈЕ (АА) - Во рамки на фестивалот Про-За Балкан, и во соработка со Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, денес се одржа панел-дискусија со турскиот актер, режисер и писател Ерџан Кесал, кој игра во турскиот серијал „Чукур“, јавува Anadolu Agency (AA).

На панел-дискусијата учествуваа заменик амбасадорот на Турција во Скопје, Умут Лутфи Озтурк, директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, директорот на Фестивалот Про-За Балкан, Дејан Трајкоски, писателот од Турција, Тарик Туфан, чија книга насловена „Не ме давај ним“ е преведена на македонски јазик, како и претставници на турските институции и организации во земјата, писатели, поети и граѓани.

Кесал, во изјава за медиуите, истакна дека во 2015 година бил дел од главната жири комисија на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, додека, според него, на фестивалот Про-За Балкан учествува како писател.

Тој нагласи дека игра во турскиот серијал „Чукур“, и додаде.

„Луѓето го сакаат оној свет во кој сакаат да бидат тие самите“, рече Кесал, додавајќи дека серијалот „Чукур“ поседува семејно чувство и атмосфера, и тоа, според него, го прави филмот да биде сакан.

Кесал рече дека литературата е причина на бројни работи кои ги реализира.

„Зад моето актерство, мојата врска со киното, мојата страна како сценарист и режисер стои литературата“, додаде тој.

Кесал истакна дека во 2013 година ја напишал неговата прва книга, а досега објавени се осум негови книги.

Од друга страна, директорот на фестивалот Про-За Балкан, Трајкоски, изрази чест што секоја година на фестивалот имаат исклучителни пистели од Турција, и дека оваа година имаат двајца писатели, односно Тарик Туфан и Ерџан Кесал.

Трајкоски нагласи дека двајцата се поврзани и со литературата и со филмот.

„Ние сме среќни што во Скопје го имаме Ерџан Кесал којшто е уметник од светска А класа, човек што напишал сценарија за филмови коишто победувале на филсмкиот фестивал во Кан, и коишто глумел во многу филмови коишто го заобиколиле светот на сите најпрестижни фестивали“, додаде тој.

Во овие рамки, Тарик Туфан, својата книга насловена како „Не ме давај ним“, која е преведена на македонски јазик, им ја потпиша и подари на своите фанови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.