Портретот на Мона Лиза во францускиот музеј Лувр измачкан со парче торта
- Маж облечен како постара жена во инвалидска количка измачка парче торта на заштитното стакло пред портретот на Мона Лиза во обид да го обезличи почитуваното уметничко дело од 16 век
ПАРИЗ (АА) - Маж облечен како постара жена во инвалидска количка измачка парче торта на заштитното стакло пред портретот на Мона Лиза во обид да го обезличи почитуваното уметничко дело од 16 век, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во моментот на инцидентот што се случи вчера - кој беше објавен на францускиот медиум „franceinfo“ и споделен на социјалната мрежа Твитер - сторителот ја гледал сликата и во еден момент станал од инвалидската количка и ја извалкал стаклената заштита на сликата на Мона Лиза.
Мона Лиза се наоѓа во светски познатиот француски музеј Лувр во Париз и е силно заштитена од толпата што секоја година ја посетува културната знаменитост. Портретот е сместен во стакло отпорно на куршуми со чувари кои стојат на готовност.
Денес е една од најпознатите слики во светот, создадена од Леонардо да Винчи во 1503 година, и е закачена во Лувр од 1800 година.
Посетителите на музејот кои сакаат да ја видат сликата мора да застанат зад кадифено јаже, да чекорат напред еден по еден за да ја погледнат или да се фотографираат.
Сторителот маскиран во „баба“ се обидел да го скрши заштитното стакло што ја опкружувало сликата, а потоа продолжил да го размачкува десертот по предната страна, а на крај фрлал ливчиња од роза околу себе.
Сторителот кој бил совладан од обебедувањето и одведен, извикувал: „Размислете за Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа. Сите уметници размислуваат за Земјата. Затоа го направив тоа. Размислете за планетата.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
