култура и уметност

Пирамидите во Гиза, мистеријата на Египет, продолжуваат да се во центарот на вниманието

- Се проценува дека изградбата на Кеопсовата пирамида, која била највисоката човекова градба во светот до почетокот на 20 век, траела околу 20 години.

Ferdi Bayat  | 01.06.2022 - Обновена : 02.06.2022
Пирамидите во Гиза, мистеријата на Египет, продолжуваат да се во центарот на вниманието Фото: Мохамед Абдел Хамид / АА

КАИРО (AA)

‒ Ферди БАЈАТ


Пирамидите на Кеопс (фараонот Куфу, кој во хеленистичкото време е познат како Кеопс), Кефрен и на Менкаур (добро познат под неговото хеленизирано име Микерин) во египетскиот град Гиза, со години се во центарот на интересот на локалните и странските туристи, пишува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите објавени на официјалната веб-страница на Министерството за туризам на Египет, повеќевековните пирамиди на Кеопс, Кефрен и Микерин биле изградени како гробишта на фараоните кои живееле за време на четвртата фараонска династија (3494 пр.н.е. ‒ 2613 пр.н.е.).

Пирамидите кои се наоѓаат на исто подрачје и претставуваат гробници на таткото, синот и внукот, именувани се по фараоните од тој период, од кои најголема пирамида е на Кеопс, средната пирамида на Кефрен и малата пирамида е на Микерин.

Пирамидата на Кеопс ​​широка 230 метри и висока 147 метри, повеќе од 3.800 години по изградбата го одржувала рекордот на „највисока зграда“ во светот, но денес нејзината височина е намалена за околу 10 метри поради ерозијата со текот на времето.

Кеопсовата пирамида се смета за најголема и најстара пирамида меѓу пирамидите пронајдени во Египет.


‒ Околу трите големи пирамиди има и мали пирамиди изградени за членовите на династијата

Околу вековните пирамиди изградени за таткото, синот и внукот, има мали пирамиди во кои мумифицирани (балсамирани) се погребани кралиците и останатите членови на семејството.

Покрај тоа, околу гробиштата (пирамидите) изградени за фараонот и неговата династија, кои се сметале за свети во Стариот Египет, има и два храма изградени за организирање погребни ритуали и обреди.

Во древниот Египет, каде што преовладувало верувањето во воскресение по смртта, фараоните биле мумифицирани за нивните тела да не се распаѓаат по смртта и се погребувани со личниот накит.

Иако изминаа стотици години од нивната смрт, процесот на мумификација, кој го спречува распаѓањето на телата на фараоните, продолжува да ја штити нивната тајна.


‒ Изградбата на Кеопсовата пирамида траела околу 20 години

Се проценува дека изградбата на Кеопсовата пирамида, која била највисоката човекова градба во светот до почетокот на 20 век, траела околу 20 години.

Кеопсовата пирамида, која за себе ја изградил фараонот Кеопс, припадник на четвртата фараонска династија, била изградена од варовнички камења, секој од нив тежок илјадници килограми.

Гробната одаја на фараонот во Кеопсовата пирамида била изградена од гранитни камења, за кои се смета дека биле донесени од египетскиот град Асуан.

Овие монументални објекти продолжуваат да ја чуваат својата вистинска тајна, иако се изнесени голем број теории за тоа како биле изградени пирамидите, кои се ладни во летниот период и топли во зима, и покрај ограничените можности во тоа време.

Освен тоа, меѓу седумте светски чуда Кеопсовата пирамида се издвојува и како најстара градба.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.