култура и уметност

Недела на турскиот документарен филм, за животот меѓу надежта и реалноста

- Неделата на турскиот документарен филм, која го раскажува животот помеѓу надежта и реалноста на уметнички начин, ќе се одржи во период меѓу 19 и 23 април 2021 година под името „Недела на турски документарци“

Ekip  | 01.04.2021 - Обновена : 03.04.2021
Недела на турскиот документарен филм, за животот меѓу надежта и реалноста

БЕРЛИН

Неделата на турскиот документарен филм, која го раскажува животот помеѓу надежта и реалноста на уметнички начин, ќе се одржи во период меѓу 19 и 23 април 2021 година под името „Недела на турски документарци“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Неделата на онлајн документарни филмови „Недела на турски документарци“, во која ќе бидат прикажани документарни филмови што на уметнички и ефективен начин ги рефлектираат реалните проблеми со кои се соочуваме во животот, ќе се одржи за првпат во периодот меѓу 19 и 23 април. Неделата на турскиот документарниот филм, која со својот иновативен и влијателен поглед е често споменувана кинематографија, ќе имате можност да ја следите онлајн преку вашите екрани. Организатори на овој проект се турските културни центри на Институтот „Јунус Емре“ во Берлин, Загреб и Белград.

Оваа недела турските документарни филмови ќе можете да ги гледате во удобноста на вашиот дом, со избор на документарни филмови кои имаат добиено голем број награди за жанрот и се прикажани на поголеми фестивали како што се Филмскиот фестивал во Истанбул, Денови на документарниот филм во Истанбул, Меѓународниот филмски фестивал во Швајцарија, Фестивалот на краток филм „Акбанк“, Меѓународниот филмски фестивал „Надвор од границите“, Меѓународните документарни награди ТРТ, Филмскиот фестивал во Локарно, Меѓународниот филмски фестивал „Хоф“ и многу други.

Во текот на неделата ќе бидат прикажани вкупно 13 документарни филмови; за време на Неделата на турскиот документарен филм ќе бидат прикажани 10 турски документарни филмови и 3 меѓународни документарни филмови. Љубителите на филмот во Турција, Балканот и европските земји ќе имаат можност да гледаат по два филма секој ден според локалното време на секоја земја. Исто така, три документарни филмови поддржани од Институтот „Јунус Емре“ во различни проекти и за кои Институтот ги има авторските права, ќе може да се следат бесплатно секој ден во текот на една недела во посебна категорија наречена „Специјални проекции на Институтот Јунус Емре“. Документарците ќе бидат достапни со превод на англиски.

Долгоочекуваната недела на турскиот документарен филм што ќе им даде простор на познати и непознати имиња и ќе ја приближи турската кинематографија до љубителите на овој жанр, започнува во понеделник, 19 април; ќе започне со документарни филмови за животот и делото на починатиот фотограф Ара Ѓулер „Окото на Истанбул“, во режија на Бинур Караевли и Фатих Кајмак и документарецот на Сердар Какчеоглу „Мимароглу“, приказна за легендарниот композитор за електронска музика, Илхан Мимароглу и неговата сопруга Ѓунѓор Мимароглу, кои емигрирале во САД од Турција во раните 60-ти на минатиот век.

„Здивот на Машук“ на Мурат Пеј, „Хермана“ на Енвер Арџак, „САЗ“ на Стефан Тално, „Совршено црно“ на Тамара Котевска, „Денови на лудило“ на Дамијан Ненадиќ, „Кралицата Лир“ на Пелин Есмер, „Хотел за сираците“ на Родван Караман и „Исклучен“ на Младен Ковачевиќ се меѓу другите документарни филмови што ќе бидат прикажани на интернет како дел од Неделата на турски документарци. Во прилог на редовните проекции во текот на Неделата на турскиот документарен филм, се и специјалните проекции на Институтот „Јунус Емре“, како што се „Еџард Ројтер - Нозе на штркот“ во продукција на Мурат Тосун и режија на Дирк Шофер, „Името на надежта: Азез“ од Мехмет Јилмаз и „Приказна за Анадо-лун Кадим“ од Енис Риза Сакизли.

Додека целиот свет е дигитализиран за време на епидемијата, освен термините за прикажување преку интернет, за време на Неделата на турските документарни филмови ќе бидат организирани онлајн разговори со режисери и продуценти за три различни теми во три различни денови. Покрај предавањата што ќе се одржат на сите канали на социјалните медиуми, ќе бидат подготвувани и поткасти кои ќе бидат емитувани на платформите „Спотифи“ (Spotify), „Епл поткаст“ (Apple Podcast), „Гугл поткаст“ (Google Podcast) и „Амазон поткаст“ (Amazon Podcast).


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın