свет, култура и уметност

Масаи Олимпијада: Традиционалниот лов на лавови заменет со атлетски натпревари инспирирани од вештините на Масаи воините

Учесниците, облечени во традиционална облека, се натпреваруваат во трки, фрлање копје, високи скокови и други дисциплини.

Aida Cako  | 16.12.2024 - Обновена : 17.12.2024
Масаи Олимпијада: Традиционалниот лов на лавови заменет со атлетски натпревари инспирирани од вештините на Масаи воините Фото: Gerald Anderson/АА

КИМАНА (АА) - Во малото кениско гратче Кимана се одржува Масаи Олимпијадата, настан кој се организира на секои две години за да го замени традиционалниот лов на лавови со атлетски натпревари инспирирани од вештините на Масаи воините, јавува Анадолу.

Настанот промовира зачувување на дивиот свет, истовремено славејќи ја културата на заедницата.

Учесниците, облечени во традиционална облека, се натпреваруваат во трки, фрлање копје, високи скокови и други дисциплини.

Жените во заедницата го красат настанот со својата традиционална облека и накит, додека младите воини демонстрираат храброст, сила и вештина.

Масаите се народ од источносуданското семејство на народи. Многу од нив живеат традиционален начин на живот и одгледуваат стока на саваните.

Племето Масаи е полуномадски народ, верен на својата традиција. Мажите се сметаат себеси за воини и носат долги копја.

Според традициите на Масаите во Кенија, убиството на лав со копје е церемонија за иницијација за младите мажи Масаи. Обредот сега е застарен бидејќи младите се собираат во илјадници за да учествуваат на нивната Олимпијада во Кимана.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.