култура и уметност

Лисабонскиот океанариум – дом на 16.000 морски суштества, меѓу најпосетените атракции во Европа

Океанариумот е отворен во 1998 година како дел од Светскиот саем Експо ’98, и располага со централен резервоар со капацитет од 5 милиони литри вода

Aida Cako  | 29.05.2025 - Обновена : 30.05.2025
Лисабонскиот океанариум – дом на 16.000 морски суштества, меѓу најпосетените атракции во Европа Фото: Didem Mente/AA

СКОПЈЕ (АА) – Посетителите на Лисабон, Португалија, имаат можност да уживаат во ретка подводна глетка во вториот најголем океанариум во Европа – Лисабонскиот океанариум (Oceanário de Lisboa), кој е дом на околу 16.000 морски суштества од 450 различни видови, јавува Анадолу.

Океанариумот е отворен во 1998 година како дел од Светскиот саем Експо ’98, и располага со централен резервоар со капацитет од 5 милиони литри вода.

Во него живеат различни морски видови како ајкули, пингвини и тропски риби, кои посетителите ги набљудуваат одблиску преку панорамски стакла што го опкружуваат просторот.

Објектот е меѓу најпосетените атракции во Европа, привлекувајќи голем интерес кај локалните и странските туристи во текот на целата година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.