култура и уметност

Во Струмица посакуваат враќање на Османлиските споменици во градот

Струмица е град во кој постојат градби и објекти од Османлискиот период. За жал тие се во лоша состојба. Жителите на Струмица посакуваат ова историско наследство да биде реновирано

Dzihat Aliju  | 15.06.2016 - Обновена : 26.05.2017
Во Струмица посакуваат враќање на Османлиските споменици во градот

Strumica

СТРУМИЦА (АА) – ЏИХАД АЛИУ – Струмица е град во кој постојат градби и објекти од Османлискиот период. За жал тие се во лоша состојба. Жителите на Струмица посакуваат ова историско наследство да биде реновирано, за да може во нив да уживаат и следните генерации и туристите кои го посетуваат градот.

Илјадници припадници на муслиманската вероисповед, поради притисокот од страна на Бугарите, Грците и Србите за време на Балканските војни и Првата светска војна, ги напуштија своите домови и заминаа за Турција. Денеска таму сè уште живеат муслимани.

На падините покрај Царевите кули, денеска живеат околу 6.000 муслимани. Поради намалувањето на муслиманското население во градот, Орта џамијата се затвори, а во 1985 година се изгради џамијата Сејид Нур Ел Араби.

Имамот на новата џамија, Митхат Ахмет, во разговорот за АА изјави дека во почетокот била изградена мала џамијата без минаре, која подоцна, во 1990 година е проширена. 

„Сејид Нур Ел Араби e голем Египетски научник и професор, кој дошол тука и живеел на овие простори. Потекнува од поколение на нашиот пратеник. Од почит, на џамијата ѝ го дадовме неговото име. Минарето беше изградено пред две години, благодарение на неколку донации”, рече имамот Ахмет.

- Потребно е реновирање на објектите од Османлиско време -

Еден од ретките османлиски објекти во градот, кој успеал да опстои до денеска, но се наоѓа во многу лоша состојба и има потреба од реновирање е Катиб Дурак Орта џамијата, или таканаречената Орта џамија.

Како што некои тврдат за поголемиот број на џамии од Османлиско време на Балканот, дека се изградени „врз темели на црква”, истото го тврдат и за Орта џамијата во Струмица и врз основа на тоа, вршени се археолошки ископувања во џамијата.

Имамот Ахмет со тага гледаше на состојбата во која се наоѓаше внатрешноста на џамијата.

„Верувам дека ќе биде дадена поддршка за реновирање на џамијата и посакуваме џамијата повторно да биде активирана”, рече имамот Ахмет.

Познат како „Чичко Иво”, Македонец од Струмица истакна дека за збогатување на културното наследство на градот потребно е реновирање на Орта џамија, која претставува објект од Османлиско време.

Чичко Иво, кој е еден од жителите на старото турско маало, изјави дека живеел заедно со комшиите Турци и рече дека по нивната селидба, маалото „е некомплетно”.

За време на Рамазан со комшиите Турци животот имал една посебна убавина, вели Иво. „Нѐ повикуваа на ифтар. Се создаваше извонредна атмосфера”, раскажа тој.

- Други објекти од османлиско време во турската улица -

Покрај Орта џамијата, друг историски објект од османлиско време е поранешната пошта, која денеска се користи како музеј. Граѓаните на Струмица музејот сè уште го нарекуваат „Турска пошта”.

Друг објект од oсманлиско време, именувана според преданијата, е таканаречената „Џамија на Султанот” (Хунќар Џамија), чии остатоци денеска се наоѓаат во неколку дворови од куќите во градот и го исчекуваaт времето кога ќе бидат извадени на виделина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.