Хербалниот лек против Ковид-19 развиен во Мадагаскар спремен за промовирање
Хербалниот лек „Covid Organics“, што го разви Институтот за применети истражувања од Мадагаскар (IMRA), ги поминал клиничките тестови и е подготвен

ДАКАР (АА) - Претседателот на Мадагаскар, Андри Ражоелина, најави дека денес ќе ги презентираат превентивните и терапевтските билки што ги развиле против новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за националната телевизија ТВМ, Ражоелина рече дека хербалниот лек „Covid Organics“, што го развил Институтот за применети истражувања од Мадагаскар (IMRA), ги поминал клиничките тестови и е подготвен.
Наведувајќи дека „Covid Organics“ е составен од мешавина од многу билки во земјата, на чело со билката артемизија (artemisia) позната како „пелин“, Ражоелина рече дека лекот ќе биде промовиран во текот на денот.
Претседателот Ражоелина, истакнувајќи дека веднаш ќе започнат со сериско производство на лекот, нагласи дека артемизијата најмногу се користи во лекувањето на маларијата и дека долго време е позната во медицинскиот свет.
Од друга страна, Ражоелина, истакнувајќи дека мерката карантин во многу градови, вклучувајќи го и главниот град Антананариво, е делумно укината, наведе дека полицискиот час помеѓу 21:00 - 04:00 часот ќе продолжи.
Во земјата нема починати од Ковид-19, а 83 лица се заразени со коронавирусот.
Артемизијата, користена од кинеските научници за лекување за време на војната во Виетнам, веќе подолго време се тестира во лабораториите.
Кинескиот доктор Јоујоу Ту ја освои Нобеловата награда за медицина во 2015 година за откривањето и прочистувањето на супстанцијата на артемизијата што има висок ефект во лекувањето на маларијата.