Турција, Коронавирус

Турскиот министер за здравство: „Бројот на заразени со Ковид-19 повторно во подем“

На прес-конференцијата за време на неговата посета на западната турска област Бурса, тој нагласи дека бројот на заразени од Ковид-19 во земјата повторно е во пораст

Havva Kara Aydın   | 23.10.2020
Турскиот министер за здравство: „Бројот на заразени со Ковид-19 повторно во подем“

БУРСА (АА) - Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, денеска изјави дека бројот на заразени од Ковид-19 во Турција е повторно во подем, јавува Агенција Анадолија (АА).

На прес-конференцијата за време на неговата посета на западната турска област Бурса, тој нагласи дека бројот на заразени од Ковид-19 во земјата повторно е во пораст.

Коџа изјави дека планира да го посети Истанбул каде што се забележани 40 отсто од вкупните случаи на вирусот во земјата.

„Бурса исто така поминува низ критична состојба“, додаде министерот.

„Во споредба со средината на септември, бројот на сличаи со Ковид-19 на дневно ниво во Бурса порасна за трипати“, изјави тој.

Најновите податоци од Министерството за здравство покажуваат дека вкупниот број на заразени од коронавирусот во Турција изнесува 355.528.

Во средата, во земјата беа регистрирани 2.013 нови случаи на Ковид-19, додека 1.581 оздравен пациент, при што вкупниот број на оздравени пациенти изнесува 310.027.

Во светот бројот на заразени достигна 41,73 милиони лица, додека над 1,13 милиони лица починаа. Над 28,36 милиони лица оздравеа, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

САД, Индија и Бразил се најтешко погодени земји во моментот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın