спорт, Коронавирус

Претседателот на ФИФА: „Ниту еден натпревар не е поважен од човечкиот живот“

Инфантино укажа на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) и рече дека светот се соочува со нова закана

Abdulkadir Karakaya  | 03.04.2020 - Обновена : 03.04.2020
Претседателот на ФИФА: „Ниту еден натпревар не е поважен од човечкиот живот“

АНКАРА (АА) - Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино истакна дека не знаат кога ќе започнат натпреварите, нагласувајќи дека фудбалот не е поважен од човечкиот живот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштение објавено на интернет страницата на ФИФА, Инфантино укажа на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) и рече дека светот се соочува со нова закана.

Тој истакна дека фудбалската сцена треба да дејстуваат тимски.

„Сите ние сакаме повторно да започнеме со фудбалот. Но, не знаеме кога ќе се случи тоа. Здравјето доаѓа пред се, и тоа треба да биде нашиот приоритет се до соборување на оваа болест“, додаде тој.

Инфантино нагласи дека треба да се почитуваат предупредувањата на надлежните, и рече: „Ниту еден натпревар не е поважен од човечкиот живот“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın