свет, Коронавирус

Последните 24 часа од Ковид-19 во Бразил починаа 1.473, а во Мексико 816 лица

- Бројот на починати лица од последиците на Ковид-19 во Бразил денеска надмина 34.000, додека во Мексико починаа над 12.500 лица

Fuat Kabakcı  | 05.06.2020 - Обновена : 05.06.2020
Последните 24 часа од Ковид-19 во Бразил починаа 1.473, а во Мексико 816 лица

АНКАРА

Бројот на починати лица од последиците на Ковид-19 во Бразил денеска надмина 34.000, додека во Мексико починаа над 12.500 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Во Бразил, во последните 24 часа починаа 1.473 лица. Вкупниот број на заразени од вирусот во втората најпогодена земја во светот изнесува 614.941, при што 30.925 нови лица се позитивни на Ковид-19“, соопштува Министерството за здравство на Бразил.

Во Мексико, во последните 24 часа починаа 816, со што вкупниот број на починати изнесува 12.545.

„Вкупно 4.442 лица се позитивни на Ковид-19 во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени во Мексико изнесува 105.680“, се соопштува од Министерството за здравство на Мексико.

Во меѓувреме, Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела соопшти дека Латинска Америка станала „црвена зона“ за пренесување на Ковид-19 во светот, и дека за тие земји се потребни солидарност и поддршка за да ја надминат пандемијата.

„Четири од 10 земји низ светот со најголем број случаи на заразување со Ковид-19 се во Латинска Америка“, соопштено е од СЗО во понеделникот. Бразил, Перу и Чиле имаат најголем дневен пораст на заразени, но бројот на заразени се зголемува и во Аргентина, Боливија, Колумбија и Хаити.

Пандемијата одзеде повеќе од 391.200 животи низ светот, додека вкупниот број на заразени во светот изнесува над 6,6 милиони. Повеќе од 2,8 милиони лица оздравеа, според податоците собрани од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.