свет, Коронавирус

На светско ниво администрирани над 1 милијарда и 470 милиони дози вакцини против Ковид-19

Кина е прва земја во светот со дадени 406.940.000 дози вакцини, следуваат САД со 273.550.000, Индија со 182.250.000, Велика Британија со 56.680.000, Бразил со 52.770.000 дози вакцини

Emel Öz  | 17.05.2021 - Обновена : 18.05.2021
На светско ниво администрирани над 1 милијарда и 470 милиони дози вакцини против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Досега се дадени над 1 милијарда и 470 милиони дози вакцини против Ковид-19 во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците што ги објави порталот „Ourworldindata.org“, кој ги следи информациите во врска со вакцинацијата против Ковид-19 во земјите од светот, Кина е прва земја во светот со дадени 406.940.000 дози вакцини. Следуваат САД со 273.550.000, Индија со 182.250.000, Велика Британија со 56.680.000, Бразил со 52.770.000, Германија со 39.410.000, Франција со 28.920.000, Италија со 27.420.000, Турција со 26.068.000, Русија со 23.970.000, Мексико со 23.170.000, Индонезија со 22.720.000, Шпанија со 21.680.000, Канада со 18.420.000, Чиле со 16.570.000, Полска со 15.780.000, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) со 11.450.000, Саудиска Арабија со 11.420.000, Мароко со 10.670.000 и Израел со дадени 10.530.000 дози вакцини.

Споредувајќи според популацијата на земјите, држава со најголем број дадени вакцини на 100 лица се Сејшели, во која досега се дадени 133,28 дози вакцини на 100 лица.

Оваа земја ја следат Израел со 121,65 дози, ОАЕ со 115,78, Сан Марино со 114,23, Малта со 95,31, Чиле со 86,68, Бахреин со 86,56, Велика Британија со 83,49, Малдиви со 82,49, САД со 81,79, Унгарија со 76,25, Монголија со 73,89, Катар со 70,65, Уругвај со 66,1, Монако со 66,09, Бутан со 62,47, Исланд со 59,7 и Србија со 59,35 дози вакцини на 100 жители.

- Турција е 10. земја со најголем број на дадени вакцини -

Според податоците на турското Министерство за здравство, во Турција досега се дадени 26.068.175 дози вакцини против Ковид-19.

Турција, од аспект на вкупниот број на дадени дози од вакцините против Ковид-19 се наоѓа на 10-тото место. По бројот на дадени вакцини според популацијата на земјата, во Турција таа бројка изнесува 30,56. Во оваа земја 15.008.743 лица ја добиле првата доза од вакцината, додека 11.059.432 лица ја примиле и втората доза од вакцината против Ковид-19.

Вакцините против Ковид-19 што досега имаат добиено дозвола за користење или имаат дозвола за употреба во итни случаи, се даваат во две дози и со пауза меѓу двете дози, освен еден вид вакцина. Затоа, вкупната бројка на дадени дози вакцини не кореспондира со вкупната бројка на вакцинирани лица.

Според податоците што ги објави „Worldometers“, интернет-страницата која секојдневно ги ажурира податоците поврзани бројката на новозаразени и смртни случаи предизвикани од Ковид-19, на светско ниво досега новиот тип коронавирус е детектиран кај 163.811.055, а од последиците на заразеност со вирусот животот го загубија 3.395.233 лица.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın