Над 10 милиони луѓе во Турција имаат примено втора доза од вакцините против Ковид-19
„Вкупниот број на примени вакцини во земјата достигна над 24,25 милиони“

АНКАРА (АА) - Над 10 милиони лица во Турција ја примија втората доза од вакцините против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на турското Министерство за здравство покажуваат дека речиси 15 милиони лица ја добиле првата доза, додека заклучно со утринава повеќе од 10 милиони ги примиле двете дози.
„Вкупниот број на примени вакцини во земјата достигна над 24,25 милиони“, се наведува од Министерството.
Турција продолжува да ги вакцинира приоритетните групи како дел од нејзината национална кампања за вакцинирање против Ковид-19, која започна во средината на јануари.
Земјата со околу 84 милиони жители досега склучи договори за набавка на 240 милиони дози од три компании производители, вклучувајќи 100 милиони дози од кинеската компанија „Синовак“, 90 милиони дози на „Фајзер-БајоНТех“ и 50 милиони дози на руската вакцина „Спутник ве“.
Турција досега своите жители ги вакцинира со вакцините на „Синовак“ и „БајоНТех“, а првите пратки од вакцината „Спутник ве“, се очекува да стигнат во земјата овој месец.
Со цел да го спречи ширењето на вирусот, Турција минатиот четврток воведе карантин во земјата кој ќе трае до 17 мај.