наука и технологија, Коронавирус

Медицински експерт: Мешањето на средства за дезинфекција може да биде штетно по здравјето

Микробиологот Селда Еренсој во разговорот со Агенција Анадолија (АА) порача дека личната хигиена е најзначајна во избегнување на заразувањето со коронавирусот, од кој на глобално ниво починаа над 7.000 лица

Ali Murat Alhas  | 17.03.2020 - Обновена : 18.03.2020
Медицински експерт: Мешањето на средства за дезинфекција може да биде штетно по здравјето

ИЗМИР (АА) - Микробиолог од Турција предупреди дека мешањето на различни средства за чистење може да биде штетно по здравјето и дека пред употреба хемискиот продукт треба да се разреди, со цел заштита од епидемијата на коронавирус.

Микробиологот Селда Еренсој во разговорот со Агенција Анадолија (АА) порача дека личната хигиена е најзначајна во избегнување на заразувањето со коронавирусот, од кој на глобално ниво починаа над 7.000 лица.

Еренсој, која предава на Универзитетот „Еге“ во Измир, советуваше користење на сапун и антисептици, како и познатата традиционална турска колонска вода, која исто така делува како средство за дезинфекција.

„Доколку во домовите или работните места на кои се врши дезинфекција се наоѓаат болни луѓе, тогаш тие треба да бидат изолирани“, изјави таа, додавајќи дека средствата за дезинфекција можат дополнително да влијаат врз нивното здравје.

Таа нагласи дека луѓето не треба да мешаат дезинфекциони средства, како на пример оцет и варакина, бидејќи можат да предизвикаат хемиска реакција штетна по здравјето.

„Важно е луѓето со респираторни проблеми, астма или алергии, да не бидат изложени на измешани дезинфициенти“, изјави таа.

Еренсој упати апел до луѓето да ги мијат своите раце почесто бидејќи тоа е еден од најефективните начини во борбата против Ковид 19, како и предметите кои се допираат, како што се кваките од вратите, да се одржуваат чисти.

Коронавирусот првпат се појави во градот Вухан, Кина, а потоа се прошири во над 150 земји и територии.

Според Светската здравствена организација (СЗО), бројот на смртни случаи во светски рамки изнесува над 7.000, а има над 182.000 потврдени случаи на вирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın