Ковид-19 во земјите на Латинска Америка: 2.550 починати во Бразил, по 399 во Аргентина и во Колумбија
- Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка

БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.550 лица во Бразил, 166 во Мексико, 399 во Аргентина, 399 во Колумбија, 247 во Перу, 169 во Чиле, 111 во Еквадор и 85 во Парагвај.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во оваа земја починале 2.550 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 416.949.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 73.380, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 15.003.563.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 13.591.335 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 166 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 2.846 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 218.173 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.358.831, а досега оздравеа 1.879.713 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 399 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 66.263. Во истиот период детектирани се 24.086 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.095.582.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.757.230 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 399 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 76.414.
Во последното деноноќие детектирани се 16.490 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 2.951.101. Во оваа земја досега оздравеа 2.773.220 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 247 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.445 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.832.671, од кои починаа 63.223 лица, а оздравеа над 1.780.221 лице кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 169 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 26.895.
Во истиот период регистрирани се нови 6.202 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.229.248, а оздравеа вкупно 1.166.227 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 111 смртни случаи, вкупно 19.018 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 2.279 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 395.327.
Досега во Еквадор оздравеа 329.582 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 85 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.566 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 291.540, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 6.883.
Досега оздравеа 241.040 лица позитивни на коронавирусот.