свет, Коронавирус

Италија: Бројот на починати лица од Ковид-19 се искачи на 33.415

Во последните 24 часа откриени се уште 355 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 233.019

Barış Seçkin   | 31.05.2020
Италија: Бројот на починати лица од Ковид-19 се искачи на 33.415

РИМ

Во Италија во последните 24 часа починаа уште 75 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 33.415, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.

Според соопштението, во земјата моментално има 42.075 активни случаи на коронавирус.

Во последните 24 часа откриени се уште 355 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 233.019.

Денес се излекувани 1.874 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 157.507 лица.

Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 75 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 33.415 лица.

Според соопштеното, 435 лица се наоѓаат на интензивна нега.

Досега во Италија се направени 3.878.739 тестирања на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın