свет, Коронавирус

Италијанскиот министер Ди Маjо се заблагодари на Турција за медицинската помош

„Денешната помош за нас е многу значајна. Поради солидарноста му се заблагодаруваме на претседателот Ердоган, министерот за надворешни работи, Чавушоглу и до целиот турски народ“

Barış Seçkin  | 01.04.2020 - Обновена : 02.04.2020
Италијанскиот министер Ди Маjо се заблагодари на Турција за медицинската помош Фото: Barış Seçkin/AA

РИМ (АА) - Италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи Ди Мајо, упати благодарност до Турција за медицинската помош која Турција ја испрати во оваа земја за борба против новиот вид коронавиус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Денешната помош за нас е многу значајна. Поради солидарноста му се заблагодаруваме на претседателот Ердоган, министерот за надворешни работи, Чавушоглу и до целиот турски народ“, истакна Мајо.

Тој во воздухопловната база „Практика ди Маре“ во близина на Рим го пречека авионот на Турските вооружени сили (ТСК) со кого пристигна медицинската помош.

Министерот Ди Мајо, во изјавата за АА, заблагодарувајќи се на Турција за помошта рече дека е таа е од витално значење за земјата во овие услови.

Истакна дека Италија има потреба од 100 милиони маски месечно и додаде дека за периодот низ кој минува земјата солидарноста е клучна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.