Турција, Коронавирус

Ердоган: „Кризата на коронавирусот ја оставаме зад себе"

„Со божја помош и поддршка на народот кризата на коронавирусот ја оставаме зад себе со најмала можна штета", истакна турскиот претседател Ердоган

Nurettin Coşkun  | 22.05.2020 - Обновена : 23.05.2020
Ердоган: „Кризата на коронавирусот ја оставаме зад себе" Фото: Мустафа Камаџи / АА

ИСТАНБУЛ

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган рече дека не е доволно да се стави пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) под контрола само во рамките на границите на неговата земја, додавајќи дека е потребно да се неутрализира заразувањето во целиот свет за да сите можат да здивнат, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган во обраќањето пред претседателите на градските одбори на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) говореше за пандемијата која го погодила целиот свет и за епидемилошката ситуација во Турција.

Турскиот претседател рече дека позитивните чекори во епидемиолошката слика ќе резултираат со нови ублажувања на мерките.

„Турција со својата борба против Ковид-19 ги заслужи пофалбите дури и на оние земји со најразвиени здравствени системи", порача Ердоган.

Тој напомена дека во текот на пандемијата од различни делови на светот пристигнувале тажни фотографии, но дека во Турција во ниту еден момент дошло до слични ситуации.

„Денес со постигнатите резултати се наоѓаме пред многумина развиени земји. Сакам да повторам дека уште некое време ќе мораме да се придржуваме на мерките против ширењето на заразата", рече Ердоган, додавајќи:

„Не е доволно пандемијата на коронавирусот да ја ставиме под контрола само во рамките на своите граници, заразата мора да биде неутрализирана во целиот свет за да здивнеме. Дури и најмал пропуст може да донесе до повторно ширење на коронавирусот. Во последните два месеци видовме како би можеле да резултираат таквите пропусти во однос на прашањето на економијата и општествениот живот".

Тој рече дека државата во текот на пандемијата овозможила финансиска помош од илјада турски лири за 5,5 милиони социјално загрозени семејства ширум земјата.

„Со божја помош и поддршка на народот кризата на коронавирусот ја оставаме зад себе со најмала можна штета", заклучи Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın