свет, Коронавирус

Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на „БајоНТех“/„Фајзер“ за деца од 5 до 11 години

Ова е првпат Европската агенција за лекови да одобри вакцини против Ковид-19 за примена кај деца

Associated Press  | 25.11.2021 - Обновена : 26.11.2021
Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на „БајоНТех“/„Фајзер“ за деца од 5 до 11 години

ХАГ (АА) - Регулаторната агенција за лекови на Европската Унија (ЕУ) денеска ја одобри примената на вакцината на „БајоНТех“/„Фајзер“ против коронавирусот за деца на возраст од 5 до 11 години, јавува Агенција Анадолија (АА).

На овој начин е создадена можност за вакцинација на милиони деца кои одат во основно училиште, сред новиот бран на коронавирусот кој ја зафати Европа.

Ова е првпат Европската агенција за лекови да одобри вакцини против Ковид-19 за примена кај деца.

Агенцијата соопшти дека „препорачува да се продолжат индикациите за вакцинација против Ковид-19 за да се вклучи употребата кај деца на возраст од 5 до 11 години“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.