Германската канцеларка Меркел во одбрана на ограничувањата поради Ковид-19
Меркел потенцира дека зимските месеци ќе бидат тешки поради Ковид-19, но дека оваа епидемија може да се надмине со трпеливост и дисциплина.

БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел застана во одбрана на ограничувањата кои беа донесени поради епидемијата на новиот коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи се во Федералното собрание, Меркел рече дека ограничувањата се неизбежна мерка.
„Ако одлуката за ограничување не беше донесена пред четири недели, не ќе можевме да замислиме каде би биле денес“, нагласи Меркел.
Таа истакна дека благодарение на ограничувањата, бројот на контакти се намалил за околу 40 проценти и дека е запрено високото зголемување на бројот на заразени.
Наведе дека се залага за затворање на сите ски-центри во Европа поради епидемијата: „Ќе се обидеме да изгласаме затворање на сите скијачки подрачја во Европа. За жал, кога ги слушнавме изјавите на Австрија, видовме дека тоа не може да се стори толку лесно. Но, повторно ќе вложиме напори во однос на тоа прашање.“
Тврдејќи дека здравствените системи се силни, Меркел изјави дека нивната цел е покрај за пациентите со Ковид-19, да обезбедат секој друг пациент да го добие потребниот третман.
„Ако чекаме единиците за интензивна нега да бидат пополнети, тогаш ќе биде доцна“, рече Меркел.
Таа исто така изјави дека епидемијата на Ковид-19 е најголемиот тест за Германија, Европската Унија и за целиот свет од Втората светска војна.
Истакнувајќи дека започнувањето со користење на вакцината нема веднаш да го реши проблемот со епидемијата, Меркел додаде дека вакцината е многу важна бидејќи покажува дека има светло на крајот од тунелот.
Таа потенцира дека зимските месеци ќе бидат тешки поради Ковид-19, но дека оваа епидемија може да се надмине со трпеливост и дисциплина.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.