свет, Коронавирус

Во Франција од Ковид-19 починаа над 27.000 лица

Од Ковид-19 во болниците во Франција се лекуваат 21.071 пациент, од кои 2.428 се наоѓат на одделенијата за интензивна нега

Yusuf Özcan  | 13.05.2020 - Обновена : 14.05.2020
Во Франција од Ковид-19 починаа над 27.000 лица

ПАРИЗ (AA) – Во Франција во последните 24 часа од новиот вид на коронавирус, Ковид-19, починаа 83 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 27.074, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Министерството за здравство се вели дека во последните 24 часа 507 лица биле позитивни на тестот на Ковид-19, при што вкупната бројка на лица позитивни на новиот вид коронавирус изнесува 214.169.

Од Ковид-19 во болниците во Франција се лекуваат 21.071 пациент, од кои 2.428 се наоѓат на одделенијата за интензивна нега. Во земјата, веќе 35 дена има тенденција на опаѓање на бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега.

Бројот на оздравени лица во последните 24 часа изнесува 888, со што вкупниот број на излекувани изнесува 58.673.

Во текот последното деноноќие во француските болници и домови за стари лица починале 83 лица, од кои 17.101 во болница и 9.973 во домовите за стари, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 27.074 лица.

Во споредба со вчерашните бројки, во последните 24 часа во Франција намален е бројот на смртни случаи од Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın