Турција, Коронавирус

Во Турција против коронавирусот досега вакцинирани околу 650.000 лица

„Бројот на вакцинирани ќе продолжи да расте во наредните денови“

Ali Murat Alhas   | 16.01.2021
Во Турција против коронавирусот досега вакцинирани околу 650.000 лица

ИСТАНБУЛ (АА) - Над 110.000 здравствени работници досега се вакцинирани против коронавирусот во Истанбул, а за два дена низ цела Турција вакцинирани се вкупно 650.000 лица, јавува Агенција Анадолија (AA).

„Бројот на вакцинирани ќе продолжи да расте во наредните денови“, изјави високиот здравствен претставник за Истанбул, д-р Кемал Мемишоглу.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во Турција досега имунизирани се 650.000 лица.

Во земјата во изминатите денови регистриран е пад на бројот на новозаразени, со досега вкупно регистрирани 2,37 милиони случаи на вирусот, 23.664 смртни случаи и 2,24 милиони излекувани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın