свет, Коронавирус

Во светот со Ковид-19 досега заразени над 61,3 милиони луѓе

Со Ковид-19 во светот заразени се 61.309.218 лица, а оздравени се 42.396.882 лица

Sümeyye Dilara Dinçer,Muhammet Tarhan   | 27.11.2020
Во светот со Ковид-19 досега заразени над 61,3 милиони луѓе

АНКАРА (АА) - Со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот се заразени повеќе од 61,3 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Податоците објавени на веб-страницата „Worldometer“ покажуваат дека од последици на вирусот починале 1.437.845 лица.

Со Ковид-19 се заразени 61.309.218 лица, а оздравени се 42.396.882 лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД) заразени се 13.248.992 лица, а од последиците на вирусот починаа 269.560 лица, најмногу во светот.

Земји со најголем број заразени се Индија (9.309.871), Бразил (6.204.570), Русија (2.187.990), Франција (2.183.660) и Шпанија (1.637.844).

Најмногу починати има Бразил (171.497), Индија (135.752), Мексико (104.242), Велика Британија (57.031) и Италија (52.850).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın