свет, Коронавирус

Во светот над 94.395.300 лица позитивни на Ковид-19

- На глобално ниво, новиот тип на коронавирус (Ковид-19) е детектиран кај 94.395.378 лица

Şeyma Uzundere,Zuhal Demirci   | 16.01.2021
Во светот над 94.395.300 лица позитивни на Ковид-19

АНКАРА

Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) на светско ниво е детектиран кај повеќе од 94.395.300 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со бројката на заразени и смртни случаи предизвикани од новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во земјите од светот, во моментов на глобално ниво 94.395.378 лица се позитивни на вирусот.

Новиот тип на коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан и за кратко време се рашири низ целиот свет, досега е причина за смртта на 2.019.866 лица, а оздравеа 67.440.171 заразени.

САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот. Во оваа земја се детектирани 24.102.429 лица позитивни на коронавирусот, од кои животот го загубија 401.856.

Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со Ковид-19 надминува 1 милион се:

Индија (10.543.659), Бразил (8.394.253), Русија (3.544.623), Велика Британија (3.316.019), Франција (2.872.941), Турција (2.373.115), Италија (2.352.423), Шпанија (2.252.164), Германија (2.023.802), Колумбија (1.870.179), Аргентина (1.783.047), Мексико (1.609.735), Полска (1.422.320), Иран (1.318.295), Јужноафриканска Република (1.311.686), Украина (1.154.692) и Перу (1.056.023).

Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случаи надминува 10.000, се:

Бразил (208.291), Индија (152.130), Мексико (139.022), Велика Британија (87.295), Италија (81.325), Франција (69.949), Русија (65.085), Иран (56.621), Шпанија (53.314), Колумбија (47.868), Германија (46.537), Аргентина (45.227), Перу (38.654), Јужноафриканска Република (36.467), Полска (32.844), Индонезија (25.767), Турција (23.664), Украина (20.686), Белгија (20.352), Канада (17.729), Чиле (17.369), Романија (17.098), Еквадор (14.273),Чешка (14.215), Ирак (12.932), Холандија (12.868), Унгарија (11.264), Пакистан (10.908) и Шведска (10.323).





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın