свет, Коронавирус

Во Индија бројот на заразени со Ковид-19 надмина 7,8 милиони

Бројот на починати од вирусот во Индија достигна 117.956, вклучувајќи ги и 650-те смртни случаи во изминатите 24 часа

Ekip   | 24.10.2020
Во Индија бројот на заразени со Ковид-19 надмина 7,8 милиони

ЧАНДИГАР (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи со коронавирусот во Индија надмина 7,8 милиони, откако во последните 24 часа беа регистрирани над 53.000 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Податоците на индиското Министерство за здравство покажуваат дека регистрирани се 53.370 нови случаи, со што вкупно досега заразени се 7.814.682 лица.

Бројот на починати достигна 117.956, вклучувајќи ги и 650-те смртни случаи во изминатите 24 часа.

Министерството за здравство на Твитер објави дека на 10 држави и територии отпаѓаат 81 отсто од бројот на оздравени на дневна основа, кој се доближува до 74.000.

Индискиот министер за здравство, Харш Вардан, изјави дека следните три месеци ќе бидат одлучувачки во утврдувањето на состојбата со Ковид-19 во земјата.

Активните случаи паднаа под 700.000 во петокот за првпат во два месеци, а денес регистрирани се 680.680 активни случаи.

Индија бележи континуиран пад на бројот на заразени, а минатата недела Владата нагласи дека земјата најверојатно го надминала пикот на вирусот минатиот месец.

Нагласено е дека епидемијата може да се стави под контрола до февруари ако се следат протоколите, а Владата да не ги ублажува мерките.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın