свет, Коронавирус

Во Бугарија се олабавуваат мерките против Ковид-19

Рестораните кои служат само на отворено, сега ќе можат да работат и во затворен простор со капацитет од 50 проценти.

Ihvan Radoykov  | 12.04.2021 - Обновена : 14.04.2021
Во Бугарија се олабавуваат мерките против Ковид-19

СОФИЈА 

По упатство на бугарското Министерство за здравство, мерките преземени во земјата поради епидемијата на коронавирусот (Ковид-19) повторно се олабавуваат, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според објавеното упатство, учениците од основните и средните училишта од денес се враќаат на настава во училиштата.

Рестораните кои служат само на отворено, сега ќе можат да работат и во затворен простор со капацитет од 50 проценти.

Културните настани како што се фестивалите, концертите, проекциите во киносалите и театарските претстави ќе се одржуваат со капацитет од 30 проценти.

Во меѓувреме, трговските центри ќе бидат повторно отворени од петок, 16 април.

Казината и ноќните клубови, кои се затворени од почетокот на епидемијата, ќе започнат да работат со капацитет од 50 проценти.

Во Бугарија во последните 24 часа регистрирани се 462 случаи на Ковид-19. Во болниците се лекуваат вкупно 1.382 болни, од кој 797 се на интензивна нега.

Во последното деноноќие како последица од коронавирусот животот го загубија 67 лица. Од почетокот на кампањата за вакцинација досега употребени се вкупно 572.662 дози вакцини.

Во Бугарија, во рамките на мерките преземени во врска со епидемијата, задолжително е да се носат маски во јавниот превоз и на затворени јавни места.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.