Во Белгија со коронавирусот досега заразени над 100.000 луѓе
Националниот институт за здравство соопшти дека бројот на новозаразени во периодот од 10 до 16 септември е за 65 отсто поголем од претходната недела
БРИСЕЛ (АА) - Од почетокот на пандемијата во Белгија со новиот вид коронавирус, Ковид-19, заразени се над 100.000 луѓе, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Националниот институт за здравје соопшти дека во Белгија, која има 11,4 милиони жители, бројот на новозаразени продолжува да расте. Според најновите податоци, во земјата се заразени 100.748 лица.
Од почетокот на пандемијата тестирани се 2,8 милиони примероци. Националниот институт за здравство соопшти дека бројот на новозаразени во периодот од 10 до 16 септември е за 65 отсто поголем од претходната недела.
Во болниците моментално на лекување се 417 пациенти кај кои е дијагностициран Ковид-19, од кои 78 на одделите за интензивна нега.