свет, Коронавирус

Во Белгија речиси 27.000 лица заразени со Ковид-19

- Досега од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус во Белгија починаа 3.019 лица

Yusuf Hatip  | 10.04.2020 - Обновена : 10.04.2020
Во Белгија речиси 27.000 лица заразени со Ковид-19

БРИСЕЛ

Бројот на лица кај кои е детектиран новиот тип коронавирус во Белгија се искачи на 26.667, додека бројот на починати е поголем од 3.000, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од белгискиот Кризен центар информираат дека во последните 24 часа на тестот за Ковид-19 позитивни биле уште 1.684 лица, со што вкупниот број на заразени во оваа земја достигна 26.667.

Бројот на хоспитализирани лица во истиот период е зголемен на 5.610, додека излечени се 404 болни.

Во период од 18 до 31 март во старечките домови во Белгија починале 171 лице од последиците предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус, додека во изминатите 24 часа во таа земја починаа уште 325 заболени, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 3.019.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın