свет, Коронавирус

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 1 милион лица

На чело на листата на земјите каде се откриени најмногу случаи се наоѓаат Соединетите Американски Држави (САД) со 235.747 случаи, а по нив следат Италија со 115.242 случаи, Шпанија со 110.238 случаи и Германија со 84.264 случаи

Emre Aytekin   | 02.04.2020
Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 1 милион лица

АНКАРА (АА) - Бројката на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) ширум светот надмина еден милион случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информацијата објавена на интернет страницата „Worldometer“, во светот вкупно биле откриени 1 милион и 207 случаи на Ковид-19.

На чело на листата на земјите каде се откриени најмногу случаи се наоѓаат Соединетите Американски Држави (САД) со 235.747 случаи, а по нив следат Италија со 115.242 случаи, Шпанија со 110.238 случаи и Германија со 84.264 случаи.

Во Кина каде се појави оваа епидемија, откриени се 81.589 случаи.

Во продолжението на оваа листа се наоѓа Франција со 59.105 случаи; Иран со 50.468 случаи; Велика Британија со 33.718 случаи; Швајцарија со 18.827 случаи; Турција со 18.135 случаи; Белгија со 15.348 случаи; Холандија со 14.697 случаи, Австрија со 11.076 случаи и Канада со 11.068 случаи.

Ова се земјите во кои бројката на откриени случаи на коронавирусот надмина 10.000.

Коронавирусот се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, а потоа се рашири во околу 200 земји и региони, поради што Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пандемија.

Како резултат на Ковид-19, во светот починаа 51.356 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın