свет, Коронавирус

Австралија: Во Сиднеј укинат карантинот по 107 дена

„Со зголемувањето на движењето на луѓето ќе се зголемува и бројот на заразените и хоспитализираните. Но, не можеме да останеме затворени цело време. Мораме да научиме да живееме со вирусот“

Recep Şakar  | 11.10.2021 - Обновена : 12.10.2021
Австралија: Во Сиднеј укинат карантинот по 107 дена

МЕЛБУРН (АА) – Во Сиднеј, Австралија, укинат е карантинот кој траеше 107 дена, со цел спречување на ширењето на новиот тип на коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).

Но, во најголемиот австралиски град продолжува борбата против делта варијантата на коронавирусот.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет, зборуваше за новите мерки кои стапија на сила по укинувањето на карантинот.

„Со зголемувањето на движењето на луѓето ќе се зголемува и бројот на заразените и хоспитализираните. Но, не можеме да останеме затворени цело време. Мораме да научиме да живееме со вирусот“, рече Перотет.

Според новите мерки кои ги објави Перотет, работните места во многу сектори се повторно отворени, а на оние кои ја завршиле имунизацијата против коронавирусот ќе им биде дозволено собирање во домовите до максимум 10 луѓе, и 30 луѓе на јавните места.

На погребите ќе можат да присуствуваат околу 100 луѓе, а на натпреварите до 5.000 луѓе.

Во последните 24 часа не се регистрирани нови смртни случаи како последица на коронавирусот, а досега починати се 1.448 лица.

Од 25 јануари 2020 година, кога Ковид-19 прв пат е регистриран во Австралија, позитивни на коронавирусот биле 129.564 лица.

Во земјата е регистриран 27.771 активен случај, а 287 лица се на одделите за интензивна нега.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.