живот

„Цигарата ги повредува белите дробови исто како да ги боцкаме со игла топла како жар“

„Најголемата инвестиција што може да ја направите за вашата иднина е да се откажете од пушењето. По 10-20 години ќе може да дишете добро. Ништо не вреди толку колку што вреди доброто удобно дишење", истакна д-р Табакоглу

Gökhan Zobar   | 09.02.2021
„Цигарата ги повредува белите дробови исто како да ги боцкаме со игла топла како жар“

ЕДРЕНЕ (АА) - ЃОКХАН ЗОБАР -

Ректорот на Универзитетот „Тракија“, проф. д-р Ерхан Табакоглу, истакнувајќи дека откажувањето од пушење е најголемата инвестиција што треба да се направи за иднината.

Професорот за градни болести, д-р Табакоглу, во разговор за Агенција Анадолија (АА) рече дека пушењето е главната причина за многу болести и разни видови карциноми.

Наведувајќи дека во цигарите има илјадници отровни материи штетни за здравјето на луѓето, Табакоглу рече: „Помислете на отров, еден човек го зема и умира. Тогаш никој нема да се доближи до тој отров. Но, помислете на отров што го користеше и те уби по 25 години. Ете, цигарата е таков отров.“

Табакоглу истакна дека во Турција на годишно ниво умираат 100 илјади луѓе, додека во светот 4 милиони луѓе од болести поврзани со пушењето.

Тој истакна дека смртниот ефект од пушењето се појавува со текот на годините.

„Во моментов го живееме периодот од епидемијата на Ковид-19. Целиот свет е затворен, има полициски час, училиштата не работат, се преземаат многу мерки затоа што болеста е смртоносна. Поради епидемијата во текот на една година животот го загубија 25.000 лица. Пушењето предизвикува 4 пати поголема смртност, годишно животот го губат 100.000 лица. Но, ние не сме свесни за тежината на ситуацијата“, рече Табакоглу.

- „Ве молам, не се повредувајте самите себе“

Табакоглу го спореди пушењето со „боцкање на белите дробови со вжарена игла“.

„Една игла да ја држиме во оган, потоа со таа игла топла како жар да ги боцкаме белите дробови. Тоа е ефектот што пушењето го прави кај човекот. Го има истиот ефект при секое пушење цигари. Ова значи дека пациент што ги изгубил резервите на белите дробови, може да се разболи од хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ, од рак на белите дробови и дека тоа лице е подготвено за секаков вид болести. Дури и еден обичен грип може да предизвика човекот да легне во кревет. Ве молам, не се повредувајте самите себе“, потенцираше тој.

- „Најголемата инвестиција што може да ја направите за вашата иднина е да се откажете од пушењето“

Проф. д-р Табакоглу истакна дека пушењето го намалува квалитетот на животот и предизвикува смрт со нарушување на сите крвни садови и циркулаторниот систем во организмот.

Објаснувајќи дека пушењето, покрај опасностите по здравјето, има и економско влијание, Табакоглу додаде:

„Тоа е важен здравствен проблем што ја уништува земјата во однос на производството, потрошувачката и здравствените трошоци. Ние секогаш зборуваме за нашите инвестиции во иднина. Најголемата инвестиција што може да ја направите за вашата иднина е да се откажете од пушењето. По 10-20 години ќе може да дишете добро. Ништо не вреди толку колку што вреди доброто удобно дишење. Особено сега кога има епидемија е најдоброто време да се откажете од пушењето. Цигарите ја зголемуваат смртноста од Ковид-19. Затоа, во овој период сакам пушачите да се откажат од цигарите, да се спасат себеси, блиските и својата земја.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.